Шпанија ќе организира женски Мундијал во 2029 година

Шпанската ракометна федерација денеска го потврди тоа што го најави ИХФ пред три недели – дека е единствен кандидат за организација на СП во 2029 година.

Шпанците успешно организираа женски Мундијал во 2021 година, првиот со 32 селекции, а сега посакуваат уште еден голем настан во државата.

ИХФ на конгресот во Кретеј на 16 април ќе официјализира кои држави ќе ги добијат организациите на големите настани до 2031 година.

За женското СП во 2031 заедничка кандидатура имаат Полска и Чешка, додека за машките во 2029 и 2031, заеднички кандидатури поднесоа Германија/Франција и Данска/Норвешка/Исланд, па сосема е извесно дека ќе си поделат по едно СП.