Ристовска и ЦСКА Москва не најдоа решение за Ростов Дон

Руското дерби меѓу ЦСКА на Сара Ристовска и Ростов Дон што се играше денеска во Москва заврши со триумф на гостите, 30-25.

Тимот предводен од Ирина Дибиров уште од стартот имаше предност од два до три гола и не дозволи камбек на домаќинките.

Во вториот дел ЦСКА Москва имаше на неколку наврати прилика да се врати на минус еден, но беа пропуштени, па Ростов Дон на крајот се радуваше на победа.

Играта на ЦСКА Москва на овој меч беше подредена на бековите, па немаше многу топки за Ристовска, која погоди еднаш.

Ростов Дон сега ја зголеми предноста на првата позиција на табелата на пет бода и има 48, додека ЦСКА Москва е втора со 43.