РФМ пушти во продажба билети: Гледајте Македонија – Словачка за 400 денари!

Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за реванш средбата од баражот за СП 2027 против селекцијата на Словачка.

Тие се продаваат онлајн ТУКА, по цени од 400 и 500 денари, во зависност од седење во СЦ „Борис Трајковски“.

Mакедонија најпрво ќе гостува кај Словачка, а мечот ќе се игра на 14 мај од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов.

Мечот во Скопје е закажан за 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот во Германија идната година.