ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Филип Кузмановски ќе игра против ПИК Сегед, шампионот без Кизиќ, Сери, Стевановиќ…

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва го играат осмиот натпревар оваа сезона во европската елита.

Ривал на пелистерци е тимот на ПИК Сегед, кој минатиот викенд ја доби првата битка со битолчани, триумфираше со 34:26.

Стратегот Бранко Ангеловски за вечерашниот дуел на располагање ќе го има новото засилување Филип Кузмановски.

Во ростерот нема да бидат повредениот Цветан Кузманоски, како и Дарко Стевановиќ, Руди Сери, Марко Кизиќ и Андреас Нилсен.

Во составот на ПИК Сегед како и на претходниот натпревар, ќе отсуствуваат кружните напаѓачи Глеб Калараш и Бенце Банхиди.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед се игра вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.