ПОЗНАТА Е ШЕСТОРКАТА ШТО ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ТИТУЛА ВО СУПЕР ЛИГАТА

Екипата на Бутел Скопје е последниот патник во плеј-оф фазата, откако вечерва неговиот конкурент Пролет со поразот во Автокоманда ги загуби сите шанси за 6. позиција на табелата.

На Пролет му требаше бод, или пак победа на денешното гостување за да остане во игра за евентуален плеј-оф, но не успеа да дојде до зацртаната цел, па така бутелци повторно ќе се борат за едно од местата кои што водат во европските натпреварувања.

Освен Бутел Скопје, во плеј-офот ќе играат уште Еурофарм Пелистер, Вардар, Тиквеш, Алкалоид и Охрид. Овие шест екипи исто така беа дел од плеј-офот во минатата сезона, во која се играше по различен систем.

До крајот од регуларниот дел од првенственото најлесен распоред имаат пелистерци, па за очекување е дека избраниците на Алонсо ќе го задржат првото место. Тоа значи дека шампионот битката за одбрана на титулата ќе ја стартува со три бода, а второпласираниот и третопласираниот ќе пренесат по два бода.

Екипите кои ќе бидат позиционирани на 4 и 5 место пренесуваат еден бод, додека шестопласираниот плеј-офот ќе го стартува без бодови. Натпреварите во плеј-офот ќе започнат на 29 март.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186