Потег за почит – му помага финансиски на клубот со кој освои европска титула да не згасне!

Левиот бек на норвешката репрезентацијата и данскиот Есбјерг, Хени Реистад, се приклучи на кампањата за спас на Вајперс Кристијансанд.

Една од најдобрите светски ракометарки беше дел дел од овој клуб и со него ја освои титулата во Лигата на шампионите. Таа со определена сума му помогна на нејзиниот поранешен клуб.

„Тоа е клуб што има големо значење, не само за мене туку и за ракометот воопшто. Секако дека сакав да помогнам откако дознав во каква ситуација се најде. Тажно е што може да се случи нешто непосакувано. Екипата е една од најсилните во Европа, знам многу луѓе што таму работат. Знам колку екипата значи и за градот. Тоа ми дава надеж дека на крај клубот ќе се справи со проблемите“, изјави Реистад за норвешките медиуми.

Од раководството на норвешкиот и европски првак тврдат дека буџетот за следната сезона е затворен и дека се ќе биде во ред, а дека финансиските потешкотии се однесуваат на тековната сезона. Еден од актуелните спонзори, фабрика за сладолед најави дека ќе му помогне на клубот да се спаси.