Поповски одличен и против шампионот Кадетен

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, загуби во дербито на колото во швајцарскиот шампионат.

Во двобојот меѓу првата и втората екипа на табелата, Цирих беше поразен на гости кај Кадетен Шафхаузен со 33-30.

Поповски беше меѓу петте ракометари на гостинскиот тим што постигнаа по четири погодоци во мрежата на домашните, каде што најдобри беа Марос со 11 и Кањелас и Мартиновиќ со по четири гола.

Цирих сега падна на третото место со 31 бода, а неговиот пораз го искористи Криенс Луцерн, кој сега е втор со 33 бода, зад Кадетен кој се одлепи на врвот со 41 бод.