Почнува битка за Супер лига – Еурофарм Пелистер 2 оди кај Драчево, Младост ги чека „витамините“

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени редните броеви за плеј-офот и плеј-аутот во Првата лига.

Десет екипи (по пет од двете групи) ќе ја започнат борбата за Супер лигата, а најголем фаворит за камбек во елитата е Еурофарм Пелистер 2.

Битолчани имаа максимален учинок во регуларниот дел, ќе пренесат 16 бодови, а другите екипи се далеку зад нив на табелата.

Во првото коло Еурофарм Пелистер 2 му гостува кај Драчево, додека интересен дуел се очекува и во Богданци.

Првото коло е на програмата на 5/6 април, последното 10 коло ќе се игра на 31 мај, додека баражот за пополнување на Супер лига е закажан за 11 јуни.

Прва лига, плеј-оф:

1 – Македонија ЃП
2 – Младост Богданци
3 – Вардар Неготино
4 – Драчево
5 – Скопје
6 – Овче Поле
7 – Еурофарм Пелистер 2
8 – Јехона
9 – Мулти Есенс
10 – Металург РА

1 коло:

Македонија ЃП – Металург РА
Младост Богданци – Мулти Есенс
Вардар Неготино – Јехона
Драчево – Еурофарм Пелистер 2
Скопје – Овче Поле

Прва лига, плеј-аут:

1 – Астраион
2 – Аеродром
3 – Кичево
4 – слоб.
5 – Текстилец
6 – Шампион
7 – Преспа Вардар
8 – Партизан Гевгелија

1 коло:

Астраион – Партизан Гевгелија
Аеродром – Преспа Вардар
Кичево – Шампион
Текстилец слоб.