Тимот на Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, продолжува со победите во чешкиот шампионат.
На последниот натпревар Плзен славеше против Маломерице на Синиша Павлов со убедливи 41-15, во натпревар од 9 коло.
Костески успеа да постигне пет погодоци на овој натпревар, додека Павлов не успеа да се запише во листата на стрелци.
Плзен е на лидерското место со осум на победи и едно реми на девет меча со 17 бодови, додека Маломерице е претпоследен со два бода.