Хрватскиот селектор Горан Перковац направи уште еден рез и го скрати списокот на ракометари на 21 кои остануваат во конкуренција за настап на ЕП.
По завршувањето на првата фаза од подготовките, тој им се заблагодари на левите бекови Марко Мамиќ и Матеј Хрстиќ, кои сега ќе биде дел од резервите.
Сега на располагање на Перковац на левата бековска позиција се Звонимир Срна, Јосип Шарац и Тин Лучин.
Хрватите после Нова Година ќе се вратат на подготовките во Пореч и ќе одиграат две пријателски средби.
Ривали на тимот на Горан Перковац ќе им бидат Словенија и Црна Гора, а на ЕП Хрватите се во група со Шпанија, Романија и Австрија.
Перковац направи рез – еве кои хрватски ракометари остануваат во конкуренција за ЕП