Пелистер пружи силен отпор, Куманово со голем пресврт до триумф

Тимот на Куманово со голем пресврт во второто полувреме прослави победа против незгодниот Пелистер со 27-23, во натпревар од 22 коло во Женската лига.

Битолчанки во првиот дел беа рамноправни, но во последните пет минути не постигнаа гол, и од водство со 11-10, се замина на пауза со предност на Куманово со 14-11.

Но тоа не ги откажа гостинките, и во средината на вториот дел стигнаа до највисока предност, плус четири, 22-18.

Оттогаш до крајот постигнаа само еден погодок, а тоа домашните ракометарки знаеја како да го казнат. Тие заиграа и подобра одбрана, во нападот беа без грешка и прославија триумф со 27-23.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Сара Цветановска со десет гола и Сузана Зечевиќ со шест, додека кај Пелистер, Моника Босилковска погоди осум пати.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080