DENIS

Охрид ќе биде домаќин на Ф4 во Купот на Македонија

Охрид ќе биде домаќин на полуфиналните дуели и на финалето на машкиот Куп на Македонија. Турнирот ќе се игра на 31 мај и 1 јуни во салата во „Билјанини Извори“. Охрид има искуство во организацијата на Куп турнирите, и сега повторно ја доби довербата да биде домаќин.

Сите четири екипи кои се пласираа на Ф4 турнирот се согласија Охрид да биде домаќин, а ждрепката ќе се изврши на 21 мај во РФМ, кога ќе биде познато кој против кого ќе игра. Покрај домаќинот Охрид, на турнирот ќе играат и екипите на Еурофарм Пелистер, Вардар и на актуелниот освојувач на Куп трофејот.

Последен пат Охрид беше домаќин на Куп финалето во 2023 година кога триумфираше Вардар. Во Охрид ќе се игра само машкиот Куп, додека за женскиот домаќин ќе биде друг град што РФМ ќе го одреди.