Првичните прогнози и очекувања на тренерот Иван Чупиќ кога го презеде тренерското кормило беше дека од март – април би требало Вардар да игра најдобра ракомет и тоа е периодот во кој екипата треба да ги оствари сите зацртани цели. Сега после два месеци од сезоната Чупиќ смета дека од февруари, односно со почетокот на вториот дел од сезоната екипата ќе биде „најдобра“.
Утре Вардар го очекува меч против Кристијанштад од групната фаза од Лига Европа. На првиот натпревар македонскиот тим загуби несреќно со гол во последната секунда. Тие два бода можат да бида многу важни за следната фаза кога би се играло, и вкристувало со екипите на Бенфика и Мелсунген.
„Во моите планови за се размилсувам, се нешто се калкулира, да направиш да биде нешто полесно. Во втората фаза ако поминем со 2 или 3 бода ќе биде секако добро. Никој не може да гарантира што ќе биде со Бенфика и со Мелсунген. Она што очекувам после зимските припреми е да го имаме најдобриот Вардар, од феврари до јуни јуни. Дали ќе биде доволно за резултат, сега е тешко да се збори, секои 2-3 дена се мечеви. Се може да се сврти, Треба да одиме меч по меч, да се подобруваш и да одиме како тим напред, смета Чупиќ.
Сега на табелата во групата води Кристијанштад со 5 бода, Вардар има 4, а Сесвете 3. Хрватите се наметнуваат од втор план, и можеби некому може да „замрсат“ сметки.
„Сесвете игра се подбро, дома со Кристијанштад, па и со нас покажува дека имат свои квалитети. Сега изгледа дека Тулуз нема шанси, но ништо нема да се знае до послено коло. Гледаме што е во наши раце. Да одиме на прво место, на следните мечеви да се подобриме. Имавме добра серија од 15-16 мечеви без пораз. Сега сакам повторно да имаме таква серија, ни треба фокус, работа, вели Чупиќ.
Средбата со Кристијанштад е закажана за утревечер од 18,45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
























