Пред една недела Европската ракометна федерација ги објави потенцијалните домаќини на ЕП во 2030 и 2032 година во машка и женска конкуренција.
Иако беше најавен голем интерес, сепак само пет федерации, дел од нив самостојно а дел со заеднички кандидатури останаа во конкуренција.
Ако се погледнат домаќините на следните големи настани, јасно е дека најголем дел од континенталните првенства ќе се играат во Скандинавија и во Германија, а најмалку до 2031 година нема да има СП на друг континент освен во Европа.
Само следните две изданија на Олимписките игри во 2028 и во 2032 година ќе бидат на други континенти.
Четири држави – Данска, Норвешка, Шведска и Германија се домаќини на повеќе од половина шампионати, а тоа гледано од аспект на македонски навивач и не е баш добра вест, најмногу во поглед на високите цени.
Машката репрезентација на Македонија е редовен учесник на големите натпреварувања, играше на ЕП 2024, ќе игра на СП 2025, а со оглед на групата од квалификациите, за очекување е да игра и на ЕП 2026.
Дамите се пласираа на ЕП 2024, ќе имаат полесен пат до СП 2025, а исто така и до ЕП 2026 година, кое за првпат ќе се игра во пет различни држави.
Распоред на големи натпреварувања, 2024-2032:
ЕП 2024, мажи: Германија
ОИ 2024, мажи/жени: Франција
ЕП 2024, жени: Австрија/Унгарија/Швајцарија
СП 2025, мажи: Хрватска/Данска/Норвешка
СП 2025, жени: Германија/Холандија
ЕП 2026, мажи: Данска/Норвешка/Шведска
ЕП 2026, жени: Чешка/Полска/Романија/Словачка/Турција
СП 2027, мажи: Германија
СП 2027, жени: Унгарија
ЕП 2028, мажи: Шпанија/Португалија/Швајцарија
ОИ 2028, мажи/жени: САД
ЕП 2028, жени: Норвешка/Данска/Шведска
СП 2029, мажи: Франција/Германија
СП 2029, жени: Шпанија
ЕП 2030, мажи: Чешка/Полска/Данска или Хрватска
ЕП 2030, жени: /
СП 2031, мажи: Данска/Исланд/Норвешка
СП 2031, жени: Чешка/Полска
ЕП 2032, мажи: Германија/Франција или Хрватска
ОИ 2032, мажи/жени: Австралија
ЕП 2032, жени: Германија/Данска/Полска