Селекцијата на Шпанија на последните пет континентални првенства освои пет медали – две злата, две сребра и една бронза.
Но и покрај тој факт, ретко кој ја вбројува „фуријата“ во топ фаворитите за подиумот и на претстојното Европско првенство во Германија.
Селекторот Жорди Рибера, под чие водство Шпанците ќе бидат и во следниот олимписки циклус, вели дека таа „етикета“ им одговара.
„Пред неколку години почнавме да градиме екипа, бидејќи се повлекоа повеќе постари играчи, а дојдоа некои млади. Но и покрај тоа постигнуваме многу добри резултати. За среќа, никогаш не не сметаат за фаворити, иако секогаш на крајот се бориме за медалите. Но таа етикета нас ни одговара, бидејќи не мотивира за уште поголема борба и повеќе работа“, вели Рибера.
Шпанците преку СП 2023 имаат место во квалификациите за ОИ, но целта на Рибера е да биде обезбедено директно место на Олимписките игри во Франција.
„Нашата цел е да отидеме што е можно подалеку. Клучно за нас ќе биде да се пласираме директно на Олимписките игри во Франција“, нагласи Рибера.
Шпанија ќе одигра три пријателски натпревари против селекциите на Словачка, Полска и Србија на турнир во Гранољерс.
„Фуријата“ е во група со Хрватска, Романија и Австрија.