Неготинци „покажаа заби“ само едно полувреме, а на крај победи Вардар

Во дуел на две екипи кои во името го имаа зборот Вардар, очекувано и залсужено триумфираше постариот и потрофеен тим од Скопје. „Црвено-црните“ заминаа дома со три бода и победа од 35-22 (17-12). Се што покажаа во првото полувреме и се мачеа, и не му дозволија на гостинот резултатски да избега, пада во вода во второто полувреме.

На две кола до крај на групната фаза Вардар останува на делба на првото место заедно со Еурофарм Пелистер, но скопјани имаат подобра меѓусебна гол разлика. Вардар Неготино е последен со 6 бода, но секако до крајот на регуларниот дел има шанса да го избегне тоа место и да пренесе барем бод во разигрувањето за опсатнок.

Целосниот отпор на домаќините беше скршен за 9 минути на почеток на второто полувреме. Вардар прими само еден гол, а даде шест и за првпат имаше „плус 10“ предност, 23-13. И не застана тука скопски Вардар кој и во следните два напади реализираше за 25-13. На половина од вториот дел разликата беше 27-15, па некако и спласна мотивот на домаќините.

На почетокот на средбата предноста на гостите беше 1-2 гола се до моментот кога во самата завршница Вардар не зголеми првпат на 13-10, и во последната минута дојде до највиоските 17-12.

Кај Вардар Неготино најдобар стрелец беше Лазар Адамовиќ со девет гола, а четири даде Драган Кузманов. Во победничкиот тим на скопски Вардар, осум гола даде Ален Ќосевски, а седум гола постигна Хасер Родигез.

Во последните две кола скопски Вардар е гостин на Мулти Есенс и на крај е домаќин на Голден Арт. Вардар Неготино му гостува на Бутел, и во последното коло е домаќин на Мулти Есенс.

Првите четири екипи од групата продолжуваат во разигрувањето за титулата и се пренесуваат бодови по принзипот 3-2-1-0, а истото е и за екипите пласирани од 5 до 8 место кои исто така ќе пренесат бодови. Во плејофот и плејаутот се вкрстува со екипите до Група А и се играат уште 14 кола.

ТАБЕЛА Б ГРУПА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126