Еден од најдобрите играчи во македонската елита, средниот бек Владан Кастратовиќ, се најде на поширокиот список кај црногорскиот селектор Владо Шола и ќе биде во конкуренција за настап на Европското првенство 2024.
Кастратовиќ, кој прикажува одлични настапи во дресот на Прилеп, за првпат доби повик во сениорската репрезентација.
Црногорецот истакнува дека потајно се надевал на повик во репрезентацијата на Црна Гора, но не очекувал дека ќе го добие пред континенталниот собир во јануари.
,,Да бидам искрен, отсекогаш сум сонувал да играм во репрезентативниот дрес и тоа отсекогаш ми била желба. Можам да кажам дека потајно се надевав на повик, но во овој момент, пред Европското првенство, кое е многу важно за нашата репрезентација, навистина не го очекував овој повик. Благодарен сум што сум дел од оваа приказна, па дури и на поширокиот список и се надевам дека ќе добијам можност да го покажам мојот квалитет. Голема чест е да се биде репрезентативец. Кога ќе се најдеш на списокот, некако знаеш дека сѐ што си направил до сега е добро и дека ескалирало во нешто добро, а во мојот случај тоа е овој повик”, изјави Кастратовиќ.
Црна Гора на Европското првенство во јануари ќе игра во група со репрезентациите на Исланд, Унгарија и Србија.
Кастратовиќ од Прилеп на поширокиот список на Црна Гора пред ЕП, Шола го враќа и Борозан