Машката репрезентација на Македонија загуби во второто коло на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка од селекцијата на Холандија со 37-32.
ГОлманот на Македонија, Никола Митревски, жали за поразот од пет гола разлика, а имаше и свој коментар за судењето.
,,На натпреварот не беше лесно да се бранат брзите Холанѓани, направивме многу грешки кои ривалот со брз центар и контри успеа да ги казни и да направи разлика и да ја сочува до крај. Сигурно не требаше пет разлика да биде на крајот, можеби реално ќе беше еве да кажеме два разлика. На теренот имавме судии од Скандинавија и на првиот натпревар и сега. Знаеме дека се лесни на свирка, имаат еден критериум кој повеќе им одговараше на Холанѓаните, за нас беше доста тежок. Кога играш против ниски и брзи играчи, тешко е да се браниш при таков критериум”, изјави Митревски.
Македонија во 3. коло од групната фаза на СП 2025 за ривал го има дебитантот Гвинеја.
Јагуриновски: Пресуден беше индивидуалниот квалитет на Холандија