Метличиќ: Вујовиќ не треба да ја води Хрватска, имаме ние поквалитетни луѓе!

Хрватска со  победа против домаќинот Германија се прости од настапите на ЕП, а пласманот на 11.место потегна лавина коментари меѓу ракометната јавност која очекуваше многу повеќе.

За селекторот Перковац дискутабилен е само натпреварот против Унгарија и едно полувреме против Исланд, а од останатиот настап е задоволен.

Еден од оние кои го критикуваше настапот на „коцкастите“ и селекторот Перковац беше поранешната легенда на хрватската репрезентација, десниот бек Петар Метличиќ. Во изјава за Спорт Клуб Метличиќ вели дека се крена непотребна прашина по победата на Германија, и смета дека Хрватска можела многу повеќе на ЕП.

Зборуваме за натпреварот против Германија како да сме се пласирале во полуфинале. Ок, треба да се победи, но не треба од тоа да се прави не знам што. Завршивме на 11.место, ако е тој задоволен тогаш ОК, јас мислам дека можеме подобро. Три репрезентации се многу понапред, а другите се на слично ниво. Ние против силните игравме добро што значи дека имавме шанси. И ме нервира изјавата дека лошо одигравме само на натпреварот против Унгарија и едно полувреме против Исланд, а ние сме на 11.место. Ако тоа е нашата цел тогаш ОК.

Покрај тоа Метличиќ се осврна и на изјавата на хрватскиот тренер Кљаиќ кој смета дека сите се плашат од Зоран Гобац кој сака да го постави Веселин Вујовиќ за нов селектор.

Јас со Гобац немам никакви проблеми, ниту пак му се плашам. Тој е моќна фигура во ракометот, но не знам зошто треба да му се плашиме. Јас не зависам од него, ниту пак барам нешто од него. А што се однесува до Вујовиќ тоа би била голема грешка, нема што тој да ја води Хрватската репрезентација, има тука поквалитетни и подобри кандидати, тоа би била голема грешка.-заврши Метличиќ.