Македонска инвазија над Грција – Бутел го среди ПАОК

Ракометарите на Бутел Скопје дел од подготовките за настапот во суперлигашкиот плеј-оф ги одработуваат во Грција.

Бутелци на првиот одигран контролен натпревар го совладаа ПАОК Солун со четири гола разлика, 29:25 (20:15).

Во Грција на победа се радуваше и тимот на Охрид, кој исто така одлучи да тестира против грчки екипи.

Охрид славеше над АЕК Атина со 31:29, претходно составот на Стевче Алушовски го надигра и Дукас со 32:30.

Машката сениорска репрезентација на Македонија пред настапот на Европското првенство во Германија двапати триумфираше над Грција.