{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 15Екипата на Охрид полесно од очекуваното славеше убедлива победа над директниот ривал за Европа, Тиквеш, во 4. коло од Супер лигата. Избраниците на Стевче Алушовски одиграа маестрално, посебно во второто полувреме, во кое гостинскиот тим од Кавадарци даде само осум погодоци, а прими дури 19. Крајниот епилог од средбата во „Билјанини Извори“ беше 40:20 за „гладијаторите“. Охрид сега има „четири од четири“, а во следното 5. коло, против Струга, ќе ја брка петтата сезонска победа. Ова беше добар залет за Европа за момците на Алушовски, кои ќе се соочат со романската Потаиса Турда во Европскиот Куп. Фото: РК Охрид/Ана Марија Момироска