Македонија заврши на 17 место на ЕП – ги остави зад себе Србија, Фарски Острови, Грузија…

Со триумфот над Швајцарија со 29-27, машката репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство во Германија на 17 место.

По комплетирањето на сите натпревари познати се репрезентации кои се враќаат дома и нивниот конечен пласман.

Зад Македонија се селекциите на Грузија, Србија, Фарски Острови, Швајцарија и сите тие се можни ривали на нашите ракометари во баражот за СП 2025 година.

ТОП 12 фазата, односно главната рунда стартува веќе утре и се очекува да донесе големи возбудувања.

Европско првенство, пласман:

13. Шпанија +2 (2)
14. Црна Гора -2 (2)
15. Чешка – 3 (2)
16. Полска -14 (2)
17. Македонија -17 (2)
—————————-
18. Грузија -18 (2)
19. Србија
20. Фарски Острови
21. Швајцарија
22. Романија
23. Грција
24. Босна и Херцеговина