Мак-двобојот во Португалија за Талески: Бенфика по две години го победи Порто!

По две години и шест дена, екипата на Бенфика го совлада големиот ривал Порто во португалскиот шампионат.

Тимот на Филип Талески (еден гол) беше подобар од шампионот Порто, каде брани Никола Митревски, со 28-27.

Гостите предводени од македонскиот капитен одржуваа рамнотежа во првиот дел, имаа и предност, но во финишот на мечот губеа со 28-25.

До крајот успеаја само да намалат, а голманот на Бенфика, Капдевил го одбрани последниот шут на Порто и победата остана во Лисабон.

Спортинг Лисабон е лидер на табелата со 54 бодови, Порто е втор со 49, додека Бенфика е на третото место со 46 бодови.