Мајиќ: Не чека вистинско дерби во Охрид, ако им ги запреме бековите – можеме до три бода!

Дербито ова суперлигашко коло се игра во Охрид, каде што ќе гостува амбициозниот тим на Тиквеш, кој е го брка првото место во групата пред стартот на плеј-офот.

Еден од новаците во кавадаречкиот тим, Мирко Мајиќ, вели дека подготовката за дербито е сериозна и порачува дека Тиквеш ќе оди на победа.

„Многу сериозно пристапивме на подготовките за Охрид и мислам дека ќе биде вистинско дерби во сабота. Ние одиме на победа и таму, каков што е случајот на сите натпревари оваа сезона без разлика на ривалот. За да ги освоиме трите бода ќе биде пресудна одбраната, а во нападот мора да играме паметно и трпеливо“, вели Мајиќ.

Црногорецот вели дека Охрид добро е анализиран, а опасноста доаѓа од целата бековска линија.

„Охрид е во налет, забележа победи во серија и свесни сме дека се добра екипа. Со нив мораме да имаме фокус во текот на сите 60 минути ако сакаме да се радуваме на крајот на натпреварот. Според мене најголема опасност по нашиот гол доаѓа од бековската линија, и ако ги затвориме добро бековите, тогаш ќе може да дојдеме до позитивен резултат. Ние имавме мали здравствени проблеми во тимот, но мислам дека сите ќе бидеме подготвени в сабота да го дадеме максимумот“, смета Мајиќ.

Левото крило одамна е во Македонија, тука се чувствува како дома, а истакна дека е многу задоволен од првите неколку месеци во Кавадарци.

„Поминаа неколку месеци откако сум во Кавадарци и морам да кажам дека сум задоволен и дека се оди според планот и програмата. Ние сме екипа која ја дига формата од ден на ден, но сметам дека нашите најдобри изданија се пред нас. Ни требаше малку време да се вклопиме во новиот систем и со новите играчи. Верувам во мојата екипа и како еден од најстарите играчи знам дека можеме уште подобро и уште посилно и сите ќе се трудиме така да биде. Очекувањата мои се исполнија, барем на стартот, да бидеме на врвот на табелата во нашата група како што сме сега и задоволен сум со се што досега го направивме како екипа“, заврши Мајиќ.

Натпреварот меѓу Охрид и Тиквеш ќе се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“ в сабота со почеток во 18:30 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122