Натпреварувачката Комисија на Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за натпреварите од завршните турнир во Купот на Македонија.
Првото полуфинале во машкиот Куп меѓу Вардар и бранителот на трофејот ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски.
На вториот полуфинален двобој меѓу Еурофарм Пелистер и домаќинот Охрид во СРЦ „Билјанини Извори“ правдата ќе ја делат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Се уште не е познато која двојка ќе го суди финалниот натпревар што е закажан за 1 јуни од 17:30 часот.
Финалето на женскиот Куп што ќе се игра во салата „25 Мај“ ќе го судат Марија Илиева и Силвана Карбеска в сабота од 16:00 часот.
Првиот полуфинален двобој меѓу Ѓорче Петров и Вардар ќе го судат Сања Божиновска и Адријана Здравковска, а тој меч е закажан за в петок од 17:00 часот.
Правдата на второто полуфинале меѓу Чаир и Металург Автокоманда в петок од 19:30 часот, ќе ја делат Михајло и Методија Илиевски.