Ракометарките на Ѓорче Петров ја прославија 21 титула во клупската историја, иако ја завршија сезоната во Женската лига со пораз од Металург Автокоманда со 29-21.
Избраничките на Симе Симовски ги добија медалите од некогашната македонска репрезентативка Мими Чупиќ, а шампионскиот пехар им го додели претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов.
Ѓорче Петров имаше осум победи во регуларниот дел од сезоната, а потоа во плеј-офот запиша 27 победи и 1 пораз.
Сега за „лавиците“ останува да го одиграат уште завршниот турнир во Купот на Македонија, каде го бранат трофејот освоен лани.
Второто место го освои Металург Автокоманда, додека на третото место заврши Чаир.