Костески: Против Загреб мора да бидеме на 100% и да се израдуваме на првите бодови

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во натпревар од 5. коло од Лигата на шампионите ќе му гостуваат на хрватскиот шампион Загреб.

Претставникот од Хрватска во досегашниот тек од сезоната има освоено три бода, триумфираше над Колстад и одигра реми со силниот Алборг.

Десното крило на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески, кој во својата кариера има настапувано и за Загреб, ги сподели своите очекувања пред дуелот со неговиот поранешен клуб и најави голема борба на теренот.

,,Видливо е дека формата оди во нагорна линија, одиграме два одлични натпревари по ред. Ни следи Загреб, противник со кој мора да играме максимално, затоа што беа перфектни на последните два домашни натпревари. Ги анализираме, нема да биде лесно, мора да бидеме на 100% и дај Боже да се израдуваме на првите бодови. Бев дел од Загреб, имам убави спомени и тоа ми беше голем чекор напред во кариерата. Доста млад потпишав за голем клуб кој секоја година игра во Лигата на шампионите. Тие се организиран клуб, од кој може да се научи и да се напредува. Од таму носам само убави спомени. Сите ракометари на Загреб се екстра, но Дибиров, Чупиќ и Моралес даваат голем придонес. Тие се голема опасност по нашиот гол. Се спремаме и ги анализиране нивните последни натпревари и се надевам дека со победа ќе се вратиме од Загреб. Ја имаме нашата прекрасна публика која секогаш е со нас и е наш осми играч. Нè радува што еден дел од нив ќе дојдат и ќе нè бодрат во Загреб. Ќе се обидеме да ги наградиме со победа и гледачите пред малите екрани и присутните во салата”, изјави Костески.

Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер се игра в четврток, на 19 октомври со почеток во 18:45 часот.

Јовиќ: Во Загреб ќе бркаме прва победа во ЛШ!