Кипријановска во одлична форма пред репрезентативните настапи

Десниот бек Јована Кипријановска игра во одлична форма пред репрезентативните настапи со Македонија.

Кипријановска беше меѓу најдобрите поединци во триумфот на нејзиниот тим Ле Самбр Авенуа на гости кај Тулуз со 34-25.

Македонската репрезентативка постигна седум погодоци во домашната мрежа и беше втор стрелец во победничкиот тим.

Таа доби повика од селекторот Кристијан Грчевски и ќе биде на располагање за двете средби против Азербејџан и Литванија од квалификациите за ЕП 2024 година.

Ле Самбр Авенуа е лидер на табелата со 50 бодови, пред Стад Унион и Сел Сир Бел кои имаат по 44 бодови, па се наоѓа близу до место во елитната конкуренција за наредната сезона.