Јанкуловска: Го постигнавме тоа што го сакавме, слатка е победата во Куманово

Ѓорче Петров го доби дербито со Куманово на гостински терен со 29-20 и ја продолжи серијата без загубен бод во Женската лига.

Најдобар стрелец во редовите на шампионот беше Ангела Јанкуловска со девет погодоци, која вели дека се што било договорено пред мечот, било спроведено на терен.

„На почетокот на утакмицата не бевме вистинските, имаше некои грешки кои не беа проблем затоа што имавме време да ги поправиме. Договореното се испочитува, тоа што го вежбавме и подготвуваме пред дуелот го спроведовме и на терен, сега еден чекор сме поблиску до нашата цел. Се намачивме во денешниот дуел, наидовме на голем отпор, но го постигнавме тоа што го сакавме. Можам да кажам дека ова е слатка победа на која ние и нашите фанови може да се радуваме. Мислам дека физичката подготвеностна на крај пресуди, кога најмногу требаше дадовме сѐ од себе, заигравме поангажирано, па резултатот си дојде сам по себе, наша задача беше само да изиграме без грешка и да победиме“, вели Јанкуловска.

Ѓорче Петров сега има шест од шест, а во следното коло ќе се соочи со Чаир во нов дерби дуел.

Шампионот Ѓорче Петров победнички во Куманово