ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA – ДЕСЕН БЕК

Традиционално на крајот на сезона во Суперлигата, 24Ракомет го избира идеалниот тим на сезоната, давајќи им признанија на оние што се одвојуваа на позицијата на која настапуваат.

Ова е шеста (6) сезона по ред како редакцијата на 24Ракомет ги избира ALL STAR тимот, што е веќе традиција, како единствен и независен избор на најдобрите ракометари, и во машка и во женска конкуренција. Покрај за идеалната седморка, ќе се гласа и за најдобар тренер, млад играч и најдобар дефанзивец.

Во изборот ќе учествуваат: публиката преку гласањето што го огранизираме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на сите три фактори (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.

Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2024

Номинирани се по петмина играчи на секоја позиција од кои ќе биде избран најдобриот.

Читателите ќе гласаат за еден од петмината понудени кандидати. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 5, 4, 3, 2, 1, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – од 5 (најдобар) до 1 (петтопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите и на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за петтемина понудени ракометари по приципот 5, 4, 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од трите сегменти (публика/новинари/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

Најдобар десен бек на сезоната:

Мерис Бошњак (Струга) – Пред почетокот на сезоната пристигна во Струга, покажа дека е големо засилување и го водеше тимот до пласман во плеј-оф фазата.

Мартин Серафимов (Алкалоид) – 24-годишниот ракометар влезе во одлична форма во оваа сезона и беше еден од играчите кои имаат голем придонес за пласманот на „сино-белите“ во ТОП 4.

Нејц Цехте (Еурофарм Пелистер) – Словенечкиот интернационалец одлично се снајде во Битола и секогаш беше меѓу најдобрите стрелци во зелениот дрес.

Томислав Јагуриновски (Вардар) – Репрезентативецот на Македонија имаше добра игра во „црвено-црниот“ дрес сезонава и покажа голем напредок од минатата сезона.

Аби Обина (Тиквеш) – Нигериецот беше еден од најкорисните играчи на теренот во дресот на амбициозниот Тиквеш и играч кој правеше разлика во дерби дуелите.

За најдобар десен бек на сезона 2023/24 можете да гласате на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)