Им одземаат по еден бод на секои десет дена!

Романскиот тим Констанца, кој своевремено важеше за македонска колонија и каде играа Ангеловски, Маркоски, Митревски…а тренер беше Шундовски, е во големи проблеми сезонава.

Веќе пет месеци ракометарите немаат земено плата, клубот имаше судски спор со поранешниот асистент тренер Лаурентин Тома, кој го загуби, па доколку не му ги исплати заостанатите плати, на секои десет дена ќе губи бодови.

Решението на судот веќе е во сила од 3 декември, Констанца на теренот досега освои 31 бод што е доволно за петтото место.

Досега Ракометната федерација на Романија им одзема на два пати по еден бод, на почетокот на овој месец ќе биде одземен уште еден…и така се додека не го исплатат долгот кон Тома.

Но не е само долгот кон Тома, Констанца им должи плати и на ракометарите, па очигледно дека темни облаци надвиснале на овој клуб…