ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 2 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Еурофарм Пелистер и по еден ракометар од Вардар, Прилеп, Борец ФЛ, Струга и „сино-белите“ од Автокоманда.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 2. коло, резултати:

Плеј-оф

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР 26-35 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23-26 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ 34-27 (ИЗВЕШТАЈ)

Плеј-аут

ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 23-20 (ИЗВЕШТАЈ)
БОРЕЦ ФЛ – РАДОВИШ 31-24 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – КУМАНОВО 26-24 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е МВП НА 2.КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГА?

Александар Тренчевски - пивот - Прилеп
37.87%
Филип Кузмановски - лев бек - Еурофарм Пелистер
19.06%
Марио Миланов - среден бек - Борец ФЛ
16.05%
Лазар Ристиќ - десен бек - Струга
10.53%
Марко Кизиќ - голман - Алкалоид
8.84%
Марко Срдановиќ - лево крило - Вардар
5.83%
Богдан Радивојевиќ - десно крило - Еурофарм Пелистер
1.82%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

Голман: Марко Кизиќ (Алкалоид) – Чуварот на мрежата бранеше одлично и беше меѓу најдобрите против кавадарчани.

Лево крило: Марко Срдановиќ (Вардар) – Српскиот интернационалец беше мешу најефикасните против Бутел Скопје.

Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Битолчанецот игра во одлична форма, а тоа го покажа и во Охрид.

Среден бек: Марио Миланов (Борец ФЛ) – Плејмејкерот постигна 12 гола во важниот триумф против радовишани.

Десен бек: Лазар Ристиќ (Струга) – Српскиот интернационалец против Куманово покажа дека ќе биде големо засилување за стружани во битката за опстанок.

Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Еурофарм Пелистер) – Десното крило беше меѓу најдобрите стрелци на мечот со Охрид.

Пивот: Александар Тренчевски (Прилеп) – Кружниот напаѓач на прилепчани одигра одлично на важниот дуел против Пролет.