Хрватска го почна настапот на Европското првенство во Германија со убедлива победа над Шпанија со 39-29.
И тие самите веројатно не веруваа пред мечот дека можат да го „размонтираат“ двократниот европски шампион.
Селекторот Горан Перковац е задоволен од изданието на неговите избраници и вели дека ривалот да имаше и осум ракометари на терен, тоа немаше да помогне.
„Шпанците можеа да играат и осум на шест, но и тоа немаше да им помогне. Ова беше уметност во ракометот. Нивните голмани обично ја носат репрезентацијата, но ударите беа премногу добри и не можеа да направат ништо“, изјави Перковац.
Хрватска ја очекуаат уште две пресметки во групната фаза против селекциите на Романија и Австрија.