Данскиот Алборг е новиот шампион на Данска, откако во финалната серија го совлада жилавиот тим на Фредериција со 2-1 во победи.
Легендарниот Микел Хансен го подигна последниот клупски трофеј во Данска и беше поздравен од публиката, а денеска се славеше и на плоштадот.
Сепак Алборг нема премногу време за славење, бидејќи го очекува настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн.
Алборг ќе се соочи со актуелниот европски првак Магдебург во полуфиналето, а Хансен ќе има шанса ако данскиот тим слави два пати да стигне до прв трофеј во ЛШ.
Нема да имаат данските ракометари многу одмор, бидејќи следуваат Олимписките игри во Париз, а се очекува селекторот Николај Јакобсен да го повика и Хансен за неговата кариера да има одличен крај.