Граматова и Војводина победнички против Напредак

Тимот на Војводина, каде што игра македонската интернационалка Пена Граматова, забележа втор триумф во српскиот шампионат.

Во натпревар од 14 коло, Војводина во Нови Сад славеше против составот на Напредак од Крушевац со 26-25, откако и на полуврем имаше плус еден 14-13.

Македонското лево крило беше меѓу најдобрите во победничкиот тим и успеа четири пати да се запише во листата на стрелците.

Следен предизвик за Граматова и нејзиниот нов тим ќе биде гостувањето кај незгодниот состав на Бекамент Буковичка Бања.