Тимот на Ѓорче Петров ќе игра финале во групата 4 од Купот на Македонија, откако во полуфиналето го совлада Спартак со 44:22.
Составот предводен од Симе Симовски победата ја запиша уште во првиот дел, кој го доби со девет гола разлика, 20:11.
Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Емилијана Ризоска со осум и Ана Марија Коларовска со седум погодоци.
Во таборот на Спартак единствено расположена за игра беше Јана Ристовска, која осум пати погоди во мрежата на „лавиците“.
Ѓорче Петров за ривал во финалето од групата 4 го има составот на Пелистер.
Куп на Македонија, жени, распоред:
група 1
Куманово – Стружанка 37-29
Скопје – Металург Автокоманда 27-53
24/3, Куманово – Металург Автокоманда
група 2
Чаир слоб.
Астибо – Овче Поле СУ 21-38
24/3, 15:00, Чаир – Овче Поле СУ
група 3
Гевгелија – Вардар 17-34
Шампион – Деспина 19-30
24/3, Вардар – Деспина
група 4
Пелистер слоб.
23/3, 15:30, Спартак – Ѓорче Петров 22:44
24/3, Пелистер – Ѓорче Петров