Голден Арт водеше 40 минути против Вардар – ама не издржаа за изненадување

Вардар ја заврши годината со победа, 32-25 (13-15) против Голден Арт, но „црвено-црните“ мораа добро да се намачат за да „го свртата“ натпреварот во своја корист. Помладиот скопски тим не само што покажа забаи, имаше водство се до почетокот на вториот дел, и единствено им недостасуваше повеќе искуство и играчи што ќе знаеја да погодат кога беше најпотребно.

Се до 40-тата минута Голден Арт имаше водство, 18-15 и беше на добар пат да го направи најголемото изненадување. Но, тогаш Вардар „почна да игра„ и полека ја топеше предноста на гостите.

Со триумфот над Голден Арт, сега Вардар ја завршува групната фаза од првенството на првото место и ќе пренесе три бода во разигрувањето за титулата. И Голден Арт ќе пренесе три бода, но тие ќе играат во втората група за опстанок.

„Бело-црните“ влегоа во натпреварот без притисок и со единетвена цел, ако можат да направат изненадување, и да се надеваа дека и Бутел ќе го победи Пролет. И во салата во „Јане Сандански“ првото полувреме беше во насока на исполнување на таа цел. Голден Арт водеше, а Вардар никако да најде противигра за лесните голови. Го имаа расположениот голман Златко даскаловски меѓу стативите кој бранеше одлично, а на спротивната страна Томовски и Гогов, „немаа ден“.

На полувреме Голден Арт водеше со 15-13, а само што почна вториот дел тоа водство скокна на 18-15. И тогаш како да се вклучи моторот на Вардар. Конечно проработе, па од негатива од три гола „црвено-црните“ дојдоа до израмнување 18-18. Сега тие имаа мотив, а Голден Арт немаше сили да го следи темпото на Вардар чии играчи и подлга клупа диктираше високо темпо.

Откако Вардар го презеде водството, не дозволи повторно да биде во негатива, и до крај само го зголемуваше.

Кај Вардар најефикаен стрелц беше Марко Срдановиќ со 6 гола, а по пет дадоа Матија Николиќ и Дарко Ѓукиќ. Во тимот на Голден Арт, „десетка“ имаше Христијан Милошевски.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126