ГОГ му „зема мерка“ и на Монпелје

Ракометарите на ГОГ во натпревар од 5. коло од Лигата на шампионите беа подобри од Монпелје со резултат 32:27 (16:18). За ГОГ победата против францускиот тим беше 4-та победа во досегашниот тек од сезоната.

Клубот од Гудме само во дуелот против Барса беше поразен и со новиот триумф има веќе осум бода на свое конто. Монпелје во групата Б останува на четири бода, кои беа освоени во дуелите со Висла Плоц и Целје.

Откако домашниот тим имаше посакуван старт и во воведните пет минути одржуваше резултатска предност, се сменија работите на теренот во корист за гостите, кои до крајот на првото полувреме водеа со еден до три гола разлика. Членот на ГОГ, Емил Мадсен, беше најзаслужен што домаќините заостануваа на мала негатива. На секој постигнат гол на домаќините, гостите возвраќаа со два-три во низа, но и кај двете екипи одбраната не беше на ниво, па така во првото полувреме паднаа вкупно 34 погодоци. Нути голманите не се прославија во првите 30 минути, завршија со мал процент на одбранети удари.

ГОГ во вториот дел се надмина себеси и само по неколку минути игра ја презеде контролата на теренот. Во моментите кога се „кршеше“ резултатот погодуваа Блонц,  Педерсен…се разбрани Тулин, и домаќините веќе во 45 минута имаа солидна предност од 26:21. Монпелје како да капитулираше  во првите десетина минути од второто полувреме, влезе во негатива од четири гола и во последниот период не можеше да се бори за камбек.