Еурофарм Пелистер 2 со моќно издание – му даде 45 гола на Вардар Неготино

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 и натаму реди победи во прволигашката конкуренција и сосема сигурно ќе направи камбек во суперлигашкото друштво од септември.

Битолчани без никакви проблеми го совладаа Вардар Неготино со 45-20, а победата беше најавена уште по првиот дел кога домашните водеа со 28-15.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа младинските репрезентативци Ненад Белистојаноски со десет и Мирче Калајџиески со седум.

Во тимот на Вардар Неготино, Лазар Стојанов постигна седум погодоци, додека Костадин Петров имаше шест реализации.

Еурофарм Пелистер 2 е лидер на табелата со 24 бода, додека на делба на второто место се „витамините“ од Автокоманда и Македонија Ѓорче Петров со по 17 бодови.