Два јубилеја во едно: 555 погодоци за Сара Ристовска за 5 години постоење на ЦСКА Москва!

Рускиот првак ЦСКА Москва прослави пет години од своето постоење, а дел од овој проект е македонската репрезентативка Сара Ристовска.

На вчерашниот меч од втората фаза на руското првенство против Черноморчка, кој ЦСКА Москва го доби со 32-23, Ристовска доби плакета од претседателот на ФГР, Сергеј Шишкарев.

Покрај овој јубилеј – пет години постоење на ЦСКА Москва, Ристовска со четири постигнати гола, стигна до бројката од 555 погодоци во овој дрес, најмногу во историјата на клубот.

Покрај Ристовска, од стартот на функционирањето во овој клуб играат и Полина Каплина, Наталија Чигиринова, Јулија Маркова, Ектаерина Илина и Полина Горшкова.