Дополнителен повик за Гулицоска, без Николиќ и Џатевска против Велика Британија

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, направи една промена во составот пред пријателските натпревари во ЕХФ неделата.

Дополнителен повик имаше за левиот бек на Металург Автокоманда, Теодора Гулицоска, а оваа акција ќе ја пропуштат две ракометарки.

Станува збор за Милица Николиќ од Ѓорче Петров и Ивана Џатевска од Чаир, кои се повредени и нема да играат против Велика Британија.

Натпреварите ќе се играат на 25 и 26 ноември, а на овој двомеч за Македонија ќе играаат само ракометарки од домашното првенство.

Оваа ЕХФ недела ќе биде искористена да се проверат можностите на дел од ракометарките кои беа дел од кадетската и младинската селекција на ЕП ова лето.