Дисингер: Германија ќе ја победи Македонија, но нема да биде убедливо како против Швајцарија

Дуелот меѓу домаќинот Германија и Македонија денеска ќе биде во центарот на вниманието на Европското првенство.

Германецот Кристијан Дисингер, македонскиот зет кој три сезони ги бранеше боите на Вардар, а сега е дел од Татабања, вели дека притисокот ќе биде присутен кај Германците поради домашниот терен.

„Македонија е послаба репрезентација од германската, но никогаш не е лесно да се игра против нив. Ќе биде потешко отколку против Швајцарија, тоа е сигурно, Македонија има голем број на млади ракоемтари кои немаат што да загубат. Германија од друга страна, поради домашниот терен е под притисок да прикаже добра игра. Верувам дека ќе победи, но нема да биде така убедливо како на првиот дуел со Швајцарија“, изјави Дисингер за „Handball World“.

Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра вечерва во „Мерцедес Бенц Арена“ со почеток во 20:30 часот.