Дибиров: Сум видел многу работи во кариерата, ама ова…

Инцидентот по кој беше прекинато хрватското дерби меѓу Нексе Нашице и Загреб, се уште е во центарот на вниманието.

Легендарниот руски интернационалец Тимур Дибиров, во изјава за „Спортске Новости“, вели дека таков нешто досега не видел во кариерата – да биде удрен делегат.

„Сум видел многу работи во кариерата. Тепачки меѓу ракометарите и непристојно однесување кон судиите, но првпат гледам некој да го удри делегатот и тоа искрено ме шокираше како странски ракометар. Да дојдеш во друга земја и да не ги почитуваш правилата на однесување, некои норми, тоа ми е неприфатливо. Уште не ми е јасно што беше толку спорно на натпреварот. Навистина не разбирам“, изјави Дибиров.

Загреб го доби мечот со службени 10-0, на Нексе му е одземен бод, а допрва ќе биде познато какви суспензии ќе добијат Марко Безјак, Андраж Велкаврх и Веселин Вујовиќ.

Нексе загуби службено, постапки против Безјак, Вујовиќ и Велкаврх, сега и второто место е далечно…