ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ѓорче Петров сака продолжување на серијата, двојна програма во Гостивар

Денеска на македонската сцена ќе има пет натпревари во сите конкуренции.

На пладне ќе се одиграат две средби од Супер и Првата женска лига – во Штип кај Астибо гостува Куманово, додека тимот од Свети Николе – Овче Поле СУ во прволигашката конкуренција оди на гости кај младите “лавици“.

Шампионот Ѓорче Петров го пречекува битолски Пелистер и треба да го совладаат за да ја продолжат битката за суперлигашки бараж.

„Лавиците“ во пролетниот дел од сезоната немаат ниту еден пораз и досега само рутински ги одработуваа задачите.

Во Гостивар денеска ќе има двојна програма. Во Првата женска лига, Јехона ќе има лесна задача против Шампион, додека во Првата машка лига, Јехона ќе го пречека Драчево Јуниор.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 АСТИБО – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
12:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
16:30 ЈЕХОНА – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЈЕХОНА – ДРАЧЕВО ЈУНИОР (МАКЕДОНИЈА)