ДЕНЕСКА НА СП: Бразил ќе го предизвика светскиот првак, Португалија брка историја

Денеска на Светското првенство 2025 ќе се одиграат преостанатите два четвртфинални натпревари.

Во терминот од 17:30 часот играат Данска и Бразил, додека во терминот од 20:30 часот Португалија и Германија.

Во „Унити Арена“ во Осло, нема да игра домаќинот, па се очекува Норвежаните да ја поддржат Данска на патот до ТОП 4.

Данците се фаворити против Бразил, а се очекува неизвесност и возбудувања на последниот двобој меѓу Германија и Португалија.

Пласман во полуфиналето засега имаат обезбедено репрезентациите на Хрватска и Франција кои славеа против Унгарија, односно Египет.

ДЕНЕСКА НА СП:

17:30 ДАНСКА – БРАЗИЛ 
20:30 ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА