ДЕНЕСКА НА ЕП: Почнува второто коло, Словенија против Полска ќе брка пласман во главната фаза

Денес на Европското првенство ќе стартуваат натпреварите од второто коло од групната фаза.

Ќе се одиграат вкупно шест дуели, по што ќе бидат познати неколку патници во главната фаза на континенталниот собир.

Репрезентацијата на Словенија, која во првото коло славеше над Фарски Острови, за втор ривал ја има Полска.

Избраниците на Урош Зорман со победа над Полска ќе обезбедат пласман во главната фаза и ќе бидат дел од најдобрите 12 репрезентации на Европското првенство.

На денешната програма свој настап ќе имаат и дебитантите – Грузија, Фарски Острови и Грција.

Трите репрезентации не успеаја да направат изненадување на стартот на Европското првенство и денес ќе атакуваат на првите бодови.

БиХ против ослабената Холандија ќе посакува да дојде до изненадување и со евентуална победа да ги задржи шансите за пласман во следната фаза.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

ГРУПА Д

18:00 ПОЛСКА – СЛОВЕНИЈА

20:30 НОРВЕШКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

ГРУПА Е

18:00 БИХ – ХОЛАНДИЈА

20:30 ГРУЗИЈА – ШВЕДСКА

ГРУПА Ф

18:00 ЧЕШКА – ПОРТУГАЛИЈА

20:30 ГРЦИЈА – ДАНСКА