Саздовска без грешка против Глорија Бузау
Тимот на Слатина, каде што игра македонското трио - Јована Саздовска, Јована Мицевска и Ивана Гакидова, загуби на гости кај Глорија Бузау во романскиот шампионат.
Во натпреварот од 12 коло, Слатина парираше во првиот дел...
Ѓорѓиевска меѓу најдобрите против Рух Хоржов
Тимот на Калиш, каде што игра македонската интернационалка Елена Ѓорѓиевска, загуби во последниот натпревар за оваа година.
Во дуелот од 9 коло во полскиот шампионат, Калиш беше поразен на домашен терен од составот на Рух...
Ристовска блескаше и беше најкорисна на теренот против Јаши
Тимот на Рапид Букурешт каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, им се врати на победите во романското првенство.
Рапид Букурешт на домашен терен славеше против екипата на Јаши со убедливи 38-24 откако и на...
Димитриевски и Аликанте остануваат на врвот – трасиран е патот до Асобал лигата
Тимот на Орнео Аликанте, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, со победа ја затвори 2024 година.
Аликанте славеше на домашен терен во дербито против екипата на Бургос со 26-25 во натпреварот од 15 коло...
Томовски со одлична партија против Лајпциг
Екипата на Потсдам во која настапува Мартин Томовски, во натпревар од 16. коло од Бундес лигата беше поразена од Лајпциг со 35:26.
Амбициозниот тим на Лајпциг до победата дојде со одличната игра во двете полувремина,...
Петковска и Салерно со победнички крај на 2024, бркотница на врвот во Италија
Тимот на Салерно, каде што брани македонската репрезентативка Драгана Петковска имаше победнички крај на 2024 година.
Салерно славеше убедливо во натпреварот против Лено со 32-15, а во вториот дел прими само четири погодоци.
Петковска и нејзиниот...
„Македонскиот“ Ваљадолид освои голем бод кај Торелавега
Екипата на Ваљадолид, во која настапуваат Мартин Карапалевски и Димитар Димитриоски, денеска за ривал во Аобал лигата ја имаше второпласираната Торелавега.
Тимот предводен од екс вардарецот Давид Писонеро одигра одлично во двете полувремина и се...
Ристовска најдобра против Корона Брашов
Македонската репрезентативка Сара Ристовска повторно имаше забележителна партија во дресот на Рапид Букурешт.
Тимот на Ристовска во натпревар од 11. коло од романскиот шампионат за ривал ја имаше Корона Брашов и загуби минимално со 32:28.
Македонката...
Тримо на Стојановиќ победнички ја заврши годината
Актуелниот селектор на машката младинска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, заедно со неговиот Тримо Требње запишаа нова победа во словенечкиот шампионат.
Тримо Требње во натпревар од 17. коло за ривал го имаше незгодниот Ормож и...
Раховец на Андоновски со максимален ефект го заврши првиот дел од сезоната
Раховец на Горан Андоновски со максимален ефект го заврши првиот дел од натпреварувачката сезона во косовскиот шампионат.
Избраниците на Андоновски за последен ривал во 2024-та го имаа Лапи и немаа поголеми проблеми да дојдат до...