Боризовска и ПАОК со нов триумф, Зарков и Јонија се лидери со 11 од 11

Тимот на ПАОК Солун, каде игра македонската интернационалка Александра Боризовска, забележа нова победа во грчкиот шампионат.

ПАОК славеше на домашен терен против Атинаикос со 20 погодоци разлика, 34-14, во натпревар од 11 коло.

Стратегот на ПАОК, Димитрис Пелекидис, ја распореди минутажата на сите ракометарки, па Боризовска два пати се запиша во листата на стрелците.

Ова беше 10 триумф за ПАОК во 11 натпревар оваа сезона, а досега загубија само од Неа Јонијас на Александар Зарков.

Неа Јонијас славеше во „мак-двобојот“ против АЕК Атина на Драгана Петковска и Марија Николовска на гостински терен со 28-23 и сега има 11/11.

Екс вардарката Татјана Хмирова беше најдобра во победничкиот тим, додека Николовска не се запиша во листата на стрелците.