Барселона го прослави 80 роденден со триумф над Плоцк

На денот кога ракометната секција во рамките на ФЦБарселона го славеше својот 80 роденден, подарокот на публиката беше триумф 32-25 (16-13) против полски Плоцк. Барса останува на делба на првото место во Б групата заедно со Веспрем, и во следното коло во директен дуел ќе решат кој ќе презими на таа позиција.

За Плоцк ова беше „планиран“ пораз, и тие остануваа на претпоследното место во групата со само 2 бода, пред Целје кој се уште нема освоенибод сезонава.

На Барселона им требаше повеќе од едно полувреме за да може да направи предност што ќе им гарантира сигурна победа. Последен пат Висла намали на 22-24 во 48 минута надевајќи се на можен пресврт. Но, остана само на надеж зашто за пет минути Барса имаше серија од 4-0 со која „избега“ на 28-22 и во 53 минута веќе ги реши сите дилеми.

Претходно на секое водство днеколку гола на Барселона, гостите возвраќаа и се враќаа во игра, на полувреме заостануваше Висла само три гола, 13-16. Но , не издржа до крај да направи пресврт.

По 8 гола кај Барселона дадоа Алекс Гомез и Луис Фраде, а кај Висла, пет гола даде Презмислав Крајевски.,

Во следното коло Висла гостува кај Целје.