Брестовац ги отвори картите – познато е кои ракометари ќе играат против Шведска (ФОТО)

Светската ракометна федерација ги објави составите за вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Шведска.

Македонскиот селектор Данило Брестовац реши да ги остави на трибините Михајло Младеновиќ, Никола Даниловски, Мартин Серафимов и Горан Крстевски.

На големо натпреварување ќе дебитираат Мартин Томовски, Ненад Костески, Цветан Кузманоски, Димитар Димитриоски, Марко Мишевски и Дарко Георгиевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Шведска се игра вечерва во „Каиро Стадион“ со почеток од 20:30 часот.